петок, 18 октомври 2024

Пик фест: Фузија на забава и природа во Маврово

Од 2 до 4 август Маврово ќе биде домаќин на најновиот и највозбудлив фестивал во регионот – Пик фест. Овој уникатен настан ќе ги обедини љубителите на музиката, уметноста, вкусната храна и спортот, сите на едно магично место, далеку од градскиот метеж.

 

Објавено на

часот

Сподели

 

Како главен компонента и фокус на фестивалот е секако – музиката, па така разновидниот лајн-ап од 4 талентирани диџеи ќе се погрижат за електронска, хип-хоп и македонска музика.

Забавата на Пик фест не завршува само со музика – нудиме и вкусна храна и освежувачки коктели, кои ќе може да ги уживате во прекрасна атмосфера на отворено, со поглед на прекрасната македонска природа.

Освен музиката и храната, Пик Фест ќе биде и простор за кино проекции и разни културни настани што ќе ги збогатат вашите искуства на фестивалот.

За љубителите на активниот одмор, фестивалот нуди многу различни спортски активности, независно дали сте за добар фитнес тренинг на отворено или сте фан СУП даски и веслање, има нешто за секого да ужива и да остане активен во природата на Маврово.

Ова година, нашето место за забава е Summer Bar Ratrak, каде што ќе можете да уживате во сите овие активности под отворено небо.

Настанот го организираат WHY2K, Eнигма, Бистро комедија, Јојо бургер и Ресорт Маврово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ