сабота, 19 октомври 2024
Селекторот на Англија пресече

„Пијаниците“ од Сити ќе бидат поштедени против Малта, Саутегејт ќе ги чува за Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Џек Грилиш, Џон Стоунс, Кајл Вокер, Фил Фоден и Калвин Филипс вчера и се приклучија на репрезентацијата на Англија откако неколку дена го славеа историскиот успех со Манчестер Сити и тројната круна.

По триумфот над Интер во финалето во Лигата на шампиони, фудбалерите заминаа на приватна забава на Ибица а потоа се вратија да прослават низ улиците на Манчестер заедно со навивачите.

Се испи многу алкохол, па Герет Саутгејт нема ништо да ризикува против Малта и шанса ќе добијат фудбалерите кои од првиот ден беа дел од кампот на „Трите лава“.

„За се треба да има граници. Разговарав со момците и беше каажно каде треба да биде нашиот фокус и што тие треба да прават. Знаеме што искусија и јас сега ќе треба да ги менаџирам во следните денови“ – вели селекторот на Англија.

„И во мое време се пиеше, многу малку фудбалери апстинираа од алкохол. Разликата е само тоа што сега сите работи се постираат на социјалните мрежи. Не би ми се допаднало доколку дел од моите ноќни излагање се појавеа во јавност. Мојата генерација ќе имаше многу повеќе проблеми“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ