Како што информираат денеска од МВР, исто така, на 9 март во 18.00 часот во близина на село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ч.С.(63) од Штип.
При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило цитроен со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај.
Од МВР велат дека по целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.