Ивановски го загуби првиот сет со 4-6, но следните два ги доби лесно со 6-2 и 6-2 и дојде до победа која го однесе во финалето од турнирот.
За него ова е вкупно петто финале, а трето од овој ранг на турнир со награден фонд од 25.000 долари.
Во финалето противник на Ивановски ќе биде Жерар Кампана Ли од Јужна Кореја кој со 2-0 во сетови го совлада првиот носител, Оливер Крафорд од САД.