„Претходно ги остававме сами да трчаат, да играат криенка, седевме на клупа и разговаравме. Децата секогаш ги имавме на видик, но сега ни е тешко да се одвоиме од нив на минутка“, изјави за Блиц дедо на едно од момчињата. Внукот не го испушта од вид.
Полицијата вчера ја донесе мајката на Данка на местото каде последен пат било видено девојчето во обид да се направи реконструкција на настаните од денот на исчезнувањето, сè што се случувало во тие моменти.
Српските медиуми објавија снимка од воздух од местото на исчезнувањето, а пренесоа и неофицијални информации според кои се размислува да се пребарува големото Борско езеро кое е оддалечено на околу 6 километри од местото на исчезнувањето на девојчето.
Sledi forenzička analiza telefona majke nestale Dankehttps://t.co/jDEIOKzJVl
— Direktno (@DirektnoRS) March 30, 2024
Обвинителството денеска нареди и детално вештачење на мобилниот телефон на мајката. Српските медиуми пишуваат дека таа наводно избришала дел од пораките и повиците пред исчезнувањето на девојчето.
„Сите избришани пораки ќе бидат вратени“, изјавил извор за Блиц.
Денеска се пребарувале коритото и бреговите на реката која тече покрај патот што води до влезот во селото Бањско Поле.
Поради доброто време и добрата видливост, хеликоптери во низок лет го надлетувале теренот – едниот директно над куќата, другиот малку подалеку, изјави српското МВР за Данас.
Полицаец од полициската управа Бор е приведен поради оддавање информации од истрагата за исчезнувањето на малата Данка Илиќ, неофицијално дознава Данас.
Detaljno su pretraženi tunel, podzemni kanali i šahte ukupne dužine oko 4,5 kilometra.#novosti #vesti #hronika #danka #dankailic #banjskopolje #srbija https://t.co/qzE1cdw7cE
— Večernje novosti (@novosti_rs) March 29, 2024
Специјалистички спасувачки екипи од урнатини темелно го пребарале тунелот, подземните канали и шахтите и во таа прилика не се пронајдени траги, соопшти српското МВР.