Петте закони се во работни верзии и се истакнати на веб-страницата на Министерството и им претстои јавна расправа.
„Овие закони се веќе готови и се ставени на јавна расправа. Јавна расправа значи дека секој кој има забелешка може да ја даде за ние да ја разгледаме. Доколку сметаме дека е прифатливо се разбира дека ќе биде вклопено во законот. Пристапно е до сите чинители кои го сочинуваат образовниот систем – наставници, родители, повозрасни ученици, администрација. Искрено се надевам дека и нашите странски партнери кои се информирале и кои ни помагале во многу нешта ќе ги погледнат тие закони, ќе дадат свои сугестии. Откако ќе заврши јавната расправа треба да ги погледне собраниската Комисија за образование и наука, треба да помина на Влада и потоа одат во Парламент на гласање. Гласањето очекувам да биде во ноември“, истакна Јаневска.
Законот за основно е приспособување на законите за средно и средно стручно образование. Закон за средно стручно образование досега немавме, а е неопходен за да се дозаокружат процесите на учење преку работа и учење во дуални паралелки што е исклучително значајно за нашата држава.
„Исто така и закон за средно образование каде што знаете дека многу, многу долги години, повеќе од 20 години, немаме никакви промени а треба да ги направиме во правец на модернизација на нашето општество и приближување кон ЕУ. Сѐ ќе се регулира во средното стручно образование. Дополнително ги регулираме прашањата околу инклузијата. На повик е ранливи групи вклучувајќи ги и децата со посебни потреби. Ги регулираме нивното присуство во образовниот систем, образовните асистенти и се она што им е неопходно за да стекнат соодветно образование на нивните можности“, рече Јаневска.
Што се однесува до законот за високот образование, процесот ќе трае подолго време и нема да биде готов оваа година.
„Законот за високото образование е голем и е обемен закон и е потребно подолго време. Ние почнавме да работиме, но во консултации со универзитетите, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет и него очекуваме да го имаме во некоја посериозна драв верзија или како предлог по Нова година“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешниот престој во Прилеп на доделувањето сертификати за заокружено основно образование на возрасни.