сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ не преговара под уцени, време е ДУИ да оди во опозиција

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бранe Петрушевски на денешната прес-конференција во партијата изјави дека е време граѓаните да ја испратат ДУИ во опозиција и наглси дека ВМРО-ДПМНЕ не преговара под уцена.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекувано од ДУИ во недостаток на реални аргументи, реални проекти и она што се суштински проблеми на граѓаните кои што како власт во изминатите 20 години не успеале да ги решат, да излегуваат со вакви национал романтистички барања“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски запрашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на барањето на ДУИ претседател на државата да се бира во Собрание.

„Она што е наш став е дека, ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, а најмалку пак прифаќа уцени. Ние само ќе ги повикаме граѓаните да го следат ова однесување на ДУИ и да биде тоа дополнителен мотив за сите граѓани на наредните избори да докажат дека оваа држава не е заложник на една политичка партија и дека ДУИ, како што се однесува изминативе 20 години, очигледно ќе продолжи да се однесува и наредните години“, рече Петрушевски.

Затоа, додаде тој, време е конечно ДУИ да отиде во опозиција и тоа ќе биде со помош на сите граѓани во Република Македонија.

Петрушевски оцени дека ноќното чекање на обрасци за пасоши на граничен премин, што го стори дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, може да се спореди со некогашното отворање на тунел, со играње ора и жива музика.

„Народот со право се чуди деновиве, на глупостите на власта, кои сигурно, во овие преостанати неколку месеци, нема да им бидат ни последни. Место пратениците на СДС и ДУИ, да соберат сили и да им излезат во пресрет на граѓаните, да им помогнат со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се одлучија за една ‘генијална’ идеја, свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести“, рече тој и додае дека решението го нуди неговата партија, со кое ќе се ослободат 600 илјади луѓе од отворен затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ