сабота, 21 декември 2024

Петрушевски: СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата

СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира. Жално е да се гледа како сега СДС од петни жили се обидуваат да смислуваат сценарија, кога тие додека делеа власт се плашеа да го спомнат Груби, а не пак да го повикаат на одговорност, изјави денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Иако сите знаеја за криминалот на Груби, иако и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите ги прозиваа СДС како власт, тие не преземаа ништо, затоа што им беше единствено важно да останат на власт.

СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата, за тие да продолжат да владеат ден повеќе.

СДС треба да излезат и да им се извинат на граѓаните, за тоа што молчеа додека Артан Груби правеше милионски криминал, а потоа не само што одмолчеа, туку и му се приклучија нивните функционери како Ковачевски.

СДС е до гуша во криминал, наместо евтини приказни, да почнат длабоко да се реформираат, зошто со криминалци во врвот на партијата тешко дека може нешто да очекуваат освен уште поголеми катастрофи“, рече Петрушевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ