четврток, 26 декември 2024

Петрушевски: ДУИ прави политички циркус иако знае како одлучува Уставниот суд

Наместо да седат на ладно, подобро ќе биде да се реформираат како партија, зошто бргу од денес доаѓаат локални избори, да не им се случи уште поголемо изненадување, рече денеска на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во врска со одлуката на Демократската унија за интеграција (ДУИ) да „стражари“ пред Уставниот суд во пресрет на седницата на судот на која треба да се расправа за Законот за јазиците.

Објавено на

часот

Сподели

ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, и како одлучува Уставниот суд, но и покрај тоа одбраа да приредуваат политички циркус, за да го одвлечат вниманието од јавноста од тоа што 20 години ја крадеа државата, рече Петрушевски на денешната прес конференција.

„Стравот на ДУИ е затоа што доаѓа време за одговорност на нивните криминални функционери, кои додека продава патриотизам дебело се нафатирале, а граѓанинот Албанец и Македонец се иселил. ДУИ се демаскирани, сите гледаат дека нивното политичко делување последните неколку месеци е само во насока на заштита на политичките криминалци кои ја ограбија државата. Наместо да седат на ладно, подобро ќе биде да се реформираат како партија, зошто бргу од денес доаѓаат локални избори, да не им се случи уште поголемо изненадување. Владата нема да дозволи никаква опасност по мирот. Институциите се на висина на задачата и заедно со нашите меѓународни партнери разменуваат информации, ја следат состојбата и ќе делуваат според потребата“, рече Петрушевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ