„Таа одлука уште не е донесена во рамките на партијата. Како што многу пати и досега одговорив, јас сум подготвена, ако е проценката направена, да бидам и носител или да бидам на изборната листа за пратеник, но можам и да не бидам воопшто. Она што досега го правам на сите позиции на кои што сум била назначена е да ги извршувам професионално и одговорно и сегогаш да дадам продонес за државата“, одговри Петровска на новинарско прашање во изјава по брифингот за набавката на осум нови хеликоптери за Армијата.
На средбата со новинарите таа додаде дека не е дека не е амбициозна, но рече, треба да се направи проценка која ќе донесе подобри резултати за партијата.
Засега е познато дека лидерот на партијата Димитар Ковачевски ќе биде носител на листата во првата изборна единица.
Дарко Каевски, пратеник од СДСМ во вторникот изјави дека е при крај внатрепартиската процедура и консултацијата со коалициските партнери во однос на носителите на листите во шсте изборни единици. Тој најави дека за многу скоро време партијата ќе излезе со целосните листи составени од квалитетни кадри.