сабота, 27 јули 2024

Петровска во Софија: Кога сите сојузници во НАТО зборуваат во еден глас може да ја гарантираме безбедноста

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за одбрана, Петровска порачала дека заедничката научена лекција во изминатите три месеци е дека само кога сите сојузници во НАТО зборуваат во еден глас, кога стоиме заедно и работиме заедно, можеме да ја гарантираме нашата безбедност. Таа исто така ја поздравила одлуката на Бугарија да биде домаќин на мултинационалната борбена група на НАТО, а имајќи ја предвид безбедносната ситуација во Европа, порачала дека она што во моментов е неопходно е целосна интеграција и заедништво.

„Членството на Северна Македонија во НАТО значеше зацврстена безбедност и стабилност не само за нашата држава, туку и за нашите соседи, вклучувајќи ја и Бугарија која на дел од својата западна граница има земја – сојузник“, вели Петровска.

Таа порача дека на претстојниот министерски состанок на НАТО, како и на лидерскиот самит во Мадрид ќе се разговара за неколку важни документи за Алијансата – агендата НАТО 2030 и новиот Стратешки концепт на Алијансата. Исто така, информираше дека Владата останува посветена на правичното распределување на трошоците во рамките на Алијансата и стабилниот раст на буџетот за одбрана кој до 2024 година треба да го достигне нивото на 2 проценти од бруто-домашниот производ.

Освен средбата со бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, Петровска во Собранието на Бугарија ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана, а ќе се сретне и со двајца офицери на македонската армија кои во моментов се на високо воено школување на Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“ во Софија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ