сабота, 27 јули 2024

Петровска: Украина бара воена помош од Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Минатата недела пристигнато е ново барање кое  е класифицирано од украинската страна. Ова барање се разгледува во Генералштабот на армијата, дали можеме и во која мера да одговориме и ако добиеме позитивно мислење. За нашиот одговор ќе ја известиме јавноста доколку Владата донесе дополнителна одлука. Се разбира ние сме отворени да дадеме поддршка“, изјави министерката.

Петровска повтори дека барањето е класифицирано, напоменувајќи дека одлуките кои веќе се донесени не се веќе доверливи и ѝ се достапни на јавноста.

„Она што досега го испорачавме и одлуките кои ги донесовме досега тие веќе ги декласифициравме, мислам дека веќе е објавено и на сајтот на министерството, каде што само е задржано правото да не ги споделуваме количините. Сепак, станува збор за оперативни информации. Меѓутоа видот во смисла на тоа каков вид подетално на оружје, вооружување веќе сме донирале е објавено“, изјави министерката за одбрана Петровска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ