сабота, 27 јули 2024

Петровска-Ристуча: На регионот му се потребни мир, безбедност и демократија

Објавено на

часот

Сподели

Петровска истакна дека во време на нарушена безбедност на континентот, Западен Балкан мора да остане безбеден и стабилен. Патот кон оваа стабилност, порача Петровска, е преку дијалог, меѓусебно почитување и лидерство.

„На регионот му се потребни мир, безбедност и демократија. За да зборуваме за економски напредок, мора да имаме мир и безбедност. Тоа е она што го ветуваме во политичките кампањи и тоа е она што мора да го оствариме. Секоја своеволна одлука е на штета на граѓаните и носи штета на иднината на државата, но и на регионот. Сега не е време за грижа за сопствените рејтинзи, туку грижа за сегашноста и иднината на граѓаните во државите во кои живееме. Затоа јасно треба да повикаме на лидерство, на дијалог помеѓу двете страни и на храброст во овозможувањето на подобра иднина за целиот регион“, рече министерката на состанокот. 

Петровска, се вели во соопштението, истакна дека Македонија, која пред само неколку години беше на раб на криза, денеска е активен учесник во зацврстувањето на сигурноста и стабилноста и на евроатлантската област и на нашиот регион. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ