Доколку ги добие парите како надомест за нарушена чест и углед, ќе ги донира во добротворни цели, рече Петровска и најави дека ќе бара јавно извинување за лажното клеветење кон неа.
Ковачки по судењето изјави дека Петровска со ова вештачење од страна на специјалист психијатар само ја манипулира јавноста, укажувајќи дека дури и премиерот Димитар Ковачевски кажал дека истото е само за потребите на судот, но не и за потребите во текот на извршување на работата, што како што рече тој, не би требало така да биде.