сабота, 27 јули 2024

Петровска до Дендиас, Македонија е подготвена да ѝ помогне на Грција за пожарите

Објавено на

часот

Сподели

За телефонскиот разговор министрите вечерва информираа преку социјалните мрежи. 

„Во телефонски разговор со мојот грчки колега Никос Дендиас, изразив подготвеност да помогнеме во справувањето со пожарите кои го имаат зафатено нашиот сосед и сојузник во Алијансата. Се согласивме дека како соседи, но пред сѐ како пријателски и сојузнички земји, многу е важно взаемно да си помагаме“, напиша на Фејсбук министерката Петровска.  

Дендиас, преку Твитер информираше дека имал телефонски разговор со Петровска во кој го информирала „за подготвеноста да се пружи помош на земјата за справувањето со разорните пожари“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ