сабота, 19 октомври 2024

Петров: Нека победи фудбалот, тој носи љубов, а не омраза

Објавено на

часот

Сподели

Утре во Разград од 18 часот, Бугарија ја пречекува Македонија во фудбалски меч од Лигата на нациите.
 
„Фудбалот е најголемата игра, кој радува многу луѓе и на фудбалот гледаме само како игра. Треба да има љубов, а не омраза и јас не сум политичар, ниту имам намера да влегувам во односите на Бугарија и Македонија. Едноставно сакам утре фудбалот да победи“, рече Петров.
 
„Македонија фаворит? Во ред. И ние имаме наши аргументи, кои ќе ги покажеме на терен. За нас не постои важен и помалку важен меч. Сите мечеви ни се еднакво важни и гледаме само на првиот следен противник кој е пред нас. Македонија заслужува респект, но ние сакаме да победиме. И ќе се обидеме да го направиме тоа. А, за критичарите – да се живи и здрави. Поминавме тежок период, тие што нѐ поддржуваат ќе нѐ поддржат, тие што нѐ критикуваат ќе нѐ критикуваат“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ