сабота, 19 октомври 2024

Петраков: Македонија под водство на Милевски постојано напредува

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 15 часот ќе се сретне со Ерменија во пријателски натпревар кој ќе се одигра во Струмица.
 

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот на Ерменците, Олександр Петарков е полн со пофалби за Македонија.

„Сметам дека успеав да ги охрабрам моите фудбалери со вистинските зборови и сметам дека натпреварот со Македонија ќе биде интересен. Ги гледавме натпреварите на Македонија и сметам дека има играчи кои може да бидат опасни. Со Милевски селекцијата цело време напредува, не би можел да издвојам имиња, затоа што гледам многу играчи кои би можеле да бидат опасни кон нашиот гол“, кажа Петраков.

На прес-конференцијата зборуваше и Наир Тикнизјан кој кажа дека во сите натпревари имаат сериозен пристап.

„Нема пријателски натпревари кога го носиш ерменскиот дрес, ние се подготвивме за мечот како да е официјален, а потоа ни следи доста важен дуел во ноември“, вели Тикнизјан.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ