Православните христијани во петок и сабота ја празнуваат Задушница, а во недела Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.
Кои се неработните денови кои преостануваат (Согласно Законот за празниците на Република Македонија, Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07):
За сите граѓани на Македонија
• 2 Август (среда), Ден на Републиката,
• 8 Септември (петок), Ден на независноста,
• 11 Октомври (среда), Ден на народното востание,
• 23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна орба
• 8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед
• 2 Јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 Август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 Ноември (среда), Празникот на сите светци,
• 25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 25 Септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.