„По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, кои се изгубиле и не знаеле да се спуштат надолу откако се стемнило, од Секторот за операции и координација на ЦУК се известени дежурните од полицијата, СВР Скопје, кои веднаш тргнале со возило. Притоа, од ЦУК им бил даден и телефонскиот број на пријавителот, турски државјанин, за да се оствари и непосредна комуникација преку вибер, согласно потребите“, се посочува во соопштението од ЦУК.
Во 18:10 часот петте лица, турски државјани, се пронајдени и од месноста Милениумски крст на Водно, согласно остварените контакти со СВР Скопје, се земени со возило на полицијата и безбедно се евакуирани кон градот.