сабота, 27 јули 2024

Петмина Турци ноќеска тепале скопјанец на Бит Пазар

Петмина државјани на Турција се приведени ноќеска во Скопје откако претепале скопјанец.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 2.30 часот по полноќ на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ч.Ј.(21), Д.Н.К.(21), Е.К.(23), О.А.Х.(26) и Ч.М.(24), сите од Република Турција, со привремен престој во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 2 часот на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар физички го нападнале А.А.(31) од Скопје“, се наведува во соопштението.

Тие биле задржани во полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, најавуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ