недела, 20 октомври 2024

Петмина тешко повредени во пет засебни сообраќајки за еден ден

Во изминатото деноноќие полицијата регострирала пет засебни сообраќајни несреќи во кои петмина биле тешко повредени, а еден од патниците се здобил со полесни телесни повреди.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска, скоро два часа по полноќ во полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од улиците Боро Хаџиески и Кузман Јосифоски – Питу се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило опел со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.М. од село Радолишта, струшко и мопед априлиа со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Вчера напладне во полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат помеѓу селата Дабиље и Петралинци, струмичко, З.А. од село Старо Балдовци, управувајќи патничко возило опел астра со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. И во овој случај бил извршен увид од увидна екипа од СВР Струмица.

И во Гостивр се случила сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди.

„На 7 август во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница на кеј Братство – единство со улица Панче Попоски се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило форд со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. од гостиварски Балиндол и мотоцикл јамаха со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ј.И. од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар“, соопшти МВР.

Вчера попладне пак, во полициската станица Пробиштип било пријавено дека на завчера на регионалниот пат Пробиштип-Кратово, Т.М. од село Кетеново, кратовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телсни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

Вечерта пак, исто така во Пробиштип се случила уште една сообраќајна несреќа.

„Во 19:55 часот во полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.Н. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од трактор, кој го управувал В.Р.. Се работи на расчистување на случајот“, извести МВР.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ