недела, 19 мај 2024

Петмина повредени во сообраќајка кај Куманово

Вчера на крстосницата од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и улицата „Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (52) од Куманово и патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (33) од Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т. (19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово, добиле телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ