петок, 18 октомври 2024

Петмина од Барселона во тимот на годината на УЕФА

Објавено на

часот

Сподели

Чави собра најмногу гласови

Тимот на годината го избираа посетителите на страницата на УЕФА и имаа можност да гласаат за најдобрите играчи. Очекувано беше најголем број фудбалери во тимот да бидат од најдоминантниот тим на денешницата, кој во мај лани ја освои четвртата европска круна во својата историја.

Во тимот на годината од каталонскиот тим место обезбедија Дени Алвеш, Жерар Пике, Андрес Иниеста, Чави Ернандес и нормално најдобриот играч на светот Лионел Меси. Интересно, како и лани, и годинава осум фудбалери од шпанската Примера најдоа место меѓу единаесеттемина, затоа што на петтемина од Барселона има и тројца фудбалери од Реал Мадрид.

Интересно најмногу поединечни гласови доби Чави Ернандес, играчот од средниот ред на Барселона, кој доби чек вреден 100.000 долари и кој ќе гои донира во хуманитарни цели (Интернационален комитет на Црвениот крст). Герет Бејл, пак, крилото на Тотнем и Велс е фудбалер од 19 земја од Европа, кој има место во тимот на годината во 11 години избор на uefa.com.

ТИМОТ НА ГОДИНАТА

голман – Икер Касилјас (Реал Мадрид – Шпанија)

десен бек – Дани Алвеш (Барселона – Бразил)

стопер – Жерар Пике (Барселона – Шпанија)

стопер – Тијаго Силва (Милан – Бразил)

лев бек – Марсело (Реал Мадрид – Бразил)

десно крило – Арјен Робен (Баерн Минхен – Холоандија)

централен среден играч – Чави Ернандес (Барселона – Шпанија)

плејмејкер – Андрес Иниеста (Барселона – Шпанија)

лево крило – Герет Бејл (Тотнем – Велс)

напаѓач – Кристијано Роналдо (Реал Мадрид – Португалија)

напаѓач – Лионел Меси (Барселона – Аргентина)

Тренер: Пеп Гвардиола (Барселона – Шпанија)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ