сабота, 27 јули 2024

Петков по средбата со Ковачевски: Посветеноста на добрососедство е важна и заедничка

Објавено на

часот

Сподели

Петков во изјава за бугарските медиуми повтори дека е потребно да се свика бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност на кој би се разговарало за сето она што досега го направиле владите на двете земји.

„Само преку конструктивен дијалог ќе можеме да продолжиме во насока на добрососедство што го сакаат двете влади“, рече Петков, додавајќи дека се надева оти следниот чекор ќе биде свикување на Консултативниот совет за национална безбедност од страна на бугарскиот претседател Румен Радев, за да се разгледа се што е постигнато од досегашните средби.

„Не се обврзавме на никакви рокови, единственото нешто на што се обврзавме е да го задржиме добриот тон, а министерствата за надворешни работи да продолжат да работат. Ветивме дека ќе го задржиме конструктивниот тон. Очекуваме во наредните недели и месеци различни групи кои не сакаат добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија да се обидат да предизвикаат провокации“, изјави Петков, додавајќи дека со премиерот Ковачевски потврдивме дека посветеноста на добрососедство е важна и заедничка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ