сабота, 27 јули 2024

Петкатна зграда се урна во Каиро, девет лица загинати

Објавено на

часот

Сподели

Државната агенција објави дека спасувачките тимови извлекле најмалку девет тела од урнатините на петкатната зграда во населбата Хадек ал-Кубах, на околу три километри од центарот на градот.

Четири лица се спасени од урнатините и се пренесени во болница.

 

 

Властите ја евакуирале соседната станбена зграда, јавува МЕНА, додавајќи дека акцијата за спасување е во тек.

Не е познато што го предизвикало уривањето на зградата.

Египетските власти соопштија дека ќе доделат 60.000 египетски фунти (1.940 долари) за семејствата на жртвите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ