Таа додаде дека позитивните законски прописи кои се поврзани со делувањето на жените во политиката постојат, но постојат предрасуди и стереотипи кои жените се секојдневно изложени.
Петир посочи дека жените и понатаму се застапени секаде каде се донесуваат важни одлуки.
„Сите вие знаете дека ја сакам Македонија и знаете дека за Македонија секогаш сум се борела како лавица, бидејќи не поднесувам неправди. Мислам да нема друг народ од Хрвати да ја разберат тешкотијата со која Македонија се соочува“, рече Петир.
Петир потенцираше дека се противела и понатаму ќе се противи на неправедните притисоци кои задираат во суверенитетот, националниот културен идентитет Македонија. Затоа што тие притисоци имаат негативен ефект не само на политички живот туку и на господарската ситуација на државата.
Пратеничката од Хрватска имаше средба и со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, на која се разговарало за нејзината активност, за Македонија, Хрватска и регионот. Честитки за нејзината активност и промовирање на македонските интереси, објави Мицкоски на социјалните мрежи.