четврток, 29 февруари 2024

Петиција против уништувањето на географијата како предмет

Објавено на

часот

Сподели

Во петицијата се наведува дека географијата е спој помеѓу природните и социо-економските карактеристики на просторот, а со концепцијата овие две нишки целосно се одвојуваат и вештачки се спојуваат со други предмети, што ќе доведе до несогледливи последици, како по учениците, така и по наставниците.

Не постои факултет кој продуцира кадар за природни науки, остручен за работа по различни модули од областа на биологија, географија, физика и хемија. Сегашниот наставен кадар е недоволно стручен за најголем дел од наставните содржини, бидејќи нема соодветно образование.

Според податоци од  Државниот завод за статистика 2021/2022 од 11.146 паралелки во основно образование има 1.238 паралелки во VI одделение. Бидејќи наставниците по географија имаа по  два часа (72часа) ќе се изгубат 1.238 часа или 62 работни места. Доколку концепцијата продолжи по зацртаниот план во VII, VIII и IX одделение ќе се изгубат дополнителни 186 работни места, односно 248 наставници по географија кои имаат редовен работен однос ќе останат без работа.

Делови од природната географија (географска положба, планини, реки, езера, клима и сл.) се изучуваат во предметот Историја и општество за IV, V и VI одд., со што, учениците доаѓаат до конфузија за предметот на изучување на природните и општествените науки.

Невозможно е интегрирање на географијата со историјата и граѓанското образование, бидејќи и при усвојување на знаења од општествената и економската географија (во склопот на регионалната географија во VIII и IX одделение), секогаш се поврзуваат и се усвојуваат знаења од физичката географија. На тој начин учениците ги осознаваат причинско – последичните врски и специфичностите на соодветниот географски простор.

Во петицијата се бара задржување на статусот на географијата како посебен предмет (најмалку во седмо, осмо и во деветто одделение) согласно нејзиниот комплексен карактер како научна дисциплина. Се бара исклучување од предметите природни науки и историја и општество. Се бара модуларно изучување на наставните содржини и теми по предметот природни науки во V и  VI одделение (како што беше претходно најавено), а не сите содржини кои се однесуваат на предметите: географија, биологија, физика и хемија да ги предава еден наставник.

Иницијативата за задржување на географијата како посебен предмет е доставена до Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и до претседателот на државата.

Кон иницијативата се приклучија и здружението на професори по географија на Македонија „Проф.Д-р Љубе Миленковски“- Скопје, регионалното географско друштво „Геосфера“- Битола, регионалното географско здружение „Проф. Д-р Митко Панов“- Прилеп, Независен синдикат за образование и наука – Скопје. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ