Од кочанската Болница го потврдија случајот и информираа дека детето било донесено со медицинска придружба од Делчево, било во свесна и контактибилна здравствена состојба, но поради понатамошна контрола и превентива, дежурниот педијатар го препратил на Детската клиника во Скопје.
Според првичните сознанија, петгодишното дете проголтало таблети золпиден, кои се користат за регулирање на сонот кај возрасните, при што се употребува половина таблета.