сабота, 27 јули 2024

Петер Пелегрини избран за нов претседател на Словачка

Кандидатот на владејачката коалиција Петер Пелегрини победи на претседателските избори во Словачка, по добиените резултати од повеќе од 90 отсто од избирачките единици забележа поддршка од 55 отсто од граѓаните кои излегоа на гласање.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Резултатите од 92,9 отсто од окрузите покажаа дека Пелегрини е пред прозападниот опозициски кандидат Иван Корчок, кој има поддршка од 45 отсто од граѓаните и кој веќе го призна поразот и му честиташе на Пелегрини за победата.

Пелегрини, поранешен шеф на владата, има поддршка од сегашниот премиер Роберт Фицо, кој одбива да обезбеди воена помош за Украина и се сомнева во нејзиниот суверенитет и повикува на мир со Русија.

По гласањето во првиот круг од претседателските избори Пелегрини изјави дека Словачка ќе остане во Европската Унија и НАТО.

Функцијата на претседателот на Словачка е првенствено церемонијална. Тој ги ратификува меѓународните договори, назначува клучни судии и е врховен командант на вооружените сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ