сабота, 21 декември 2024

Пет универзитети му се приклучија на синдикатот на УКИМ во борба за правата од Колективниот договор

Синдикатите на пет јавни универзитети во државава во допис до медиумите соопштија дека го поддржуваат  Сојузот на синдикатите на УКИМ (ССУКИМ) во остварувањето на нивните права кои произлегуваат од потпишаниот Колективен догвоор на вработените на Скопскиот универзитет. Минатата недела синдикатот на УКИМ најави штрајк ако државата не даде пари за колективниот договор.

Објавено на

часот

Сподели

Синдикатите на универзитетите во Битола, Тетово, Штип, Св. Апостол Павле-Охрид и Мајка Тереза-Скопје информираат дека искажуваат „братска солидарност и поддршка во напорите на Сојузот на синдикатите на УКИМ (ССУКИМ) во остварувањето на нивните права“.

Воедно бараат итен прием кај претседателот на Собранието Јован Митрески, како правен застапник на основачот на јавните универзитети, со цел да ги потпишат колективните договори кои претходно ги доставиле.

„Доколку не бидеме примени најдоцна до 15 февруари 2024 како синдикати на наведените јавни универзитети, ќе преземеме други чекори и постапки кои соодвестуваат на современиот синдикализам“, се наведува во соопштението.

Минатата недела синдикатот на УКИМ најави штрајк ако државата не даде пари за колективниот договор. Претседателот на Сојузот на синдикати на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) Ангел Ристов на прес-конференција обвини дека државата не обезбедила пари во Буџетот за примена на обврските од колективниот договор склучен меѓу Синдикатот на УКИМ и Собранието, иако истиот е полноважен и стапил на сила на 1 јануари оваа година. Тој упати апел за средба со премиерот Талат Џафери во рок од три дена, а доколку средбата не се реализира, ќе следува протест, а после и  штрајк.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ