петок, 10 јануари 2025

Пет странски државјанки злоупотребиле туристички престој во кафеана во гостиварско Зубовце

Полициската контрола во угостителски објект во с. Зубовце, Гостиварско, затекнала и приведела пет странски државјанки (три од Република Албанија една од Република Бугарија и една од Република Косово), кои го злоупотребиле туристички престој и престојувале спротивно на целта.

Објавено на

часот

Сподели

„На 09.01.2025 во периодот од 02.50 до 04.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате спровеле акциска контрола во угостителски објект покрај автопатот Тетово-Гостивар во атар на с.Зубовце, гостиварско, каде одговорно лице бил Р.Б.(50) од Гостивар.При контролата биле затекнати и приведени пет странски државјанки (три од Република Албанија една од Република Бугарија и една од Република Косово), кои го злоупотребиле туристички престој и престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка“, се наведува во билтенот со дневни настани на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ