сабота, 27 јули 2024
Институт за јавно здравство

Пет смртни случаи и 855 заболени од ковид-19 се пријавени минатиот месец

Институтот за јвано здравство информира дека во текот на минатиот месец се пријавени 855 случаи на ковид-19  од 2.464 тестирани лица, односно станува збор само за лабораториски потврдени случаи на заразната болест. Во однос на август се работи за 7,6 пати повеќе потврдени случаи. Податоци не се дадени за месец октомври.

Објавено на

часот

Сподели

„Од заболените во текот на септември, најголем број на заболени (n=363) се пријавени од Скопје, а
највисока инциденца (430,1/100.000) се регистрира во Кавадарци. Регистрираи се 347 реинфекции.
Во текот на месецот пријавени се пет починати лица“, се вели во извештајот на Институтот.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во
возрасната групата над 60 години, односно 372 лица што е 43,5 отсто од вкупниот број на заболени. Бројот на тестирани лица во септември во споредба со август е зголемен за пет пати.

Во текот на септември против ковид-19 се вакцинирале само 23 лица од кои 12 со прва доза, по три лица примиле втора и трета доза, а пет лица се вакцинирале со четврта доза.

Досега барем една доза вакцина во Македонија примиле 876.167 лица, а со две дози вакцинирани се 857.230 лица.

Од почетокот на пандемијата, заклучно со 30 септември годинава, пријавени се вкупно 349.346 потврдени случаи на ковид-19 и 9.947 смртни случаи.

                                                                                                П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ