среда, 23 октомври 2024

Пет ранети во напад на американска воена база во Ирак

Најмалку пет припадници на американскиот персонал се ранети во напад врз воената база во Ирак минатата ноќ, изјавија тројца американски претставници за Ројтерс, додека загриженоста во регионот расте по минатонеделното убиство на високи членови на вооружените групи Хамас од Палестина и Хезболах од Либан.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Официјални лица, под услов да останат анонимни, рекоа дека наводниот ракетен напад се случил во воздухопловната база Ал Асад во Ирак. Тие се повикаа на првичните информации за кои рекоа дека може да се променат.

„Персоналот на базата врши проценка на штетата по нападот“, додаде еден од официјалните лица во изјава за Ројтерс.

Две ракети „Качуша“ беа истрелани во понеделникот врз база во западен Ирак, соопштија безбедносни извори. Еден безбедносен извор рече дека ракетите паднале во базата.

Минатата недела, Соединетите Држави започнаа напад во Ирак, насочен кон лица за кои американските официјални лица рекоа дека се милитанти кои се подготвуваат да лансираат беспилотни летала и претставуваат закана за американските и коалициските сили.

Вашингтон се подготвува за одмаздата на Иран по атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран, само неколку часа откако командантот на Хезболах Фуад Шукр беше убиен на југот на либанската престолнина Бејрут. Не е јасно дали нападот во Ирак е поврзан со заканите на Иран дека ќе се одмазди за убиствата.

Американските трупи, кои се присутни во Ирак повеќе од 20 години по инвазијата, беа цел на слични напади на вооружени групи поврзани со Иран од октомври минатата година. Американската војска во Сирија неколку пати беше цел на слични напади.

Пентагон соопшти дека ќе распореди дополнителни борбени авиони и поморски воени бродови на Блискиот Исток, додека Вашингтон се обидува да ја зајакне одбраната по заканите од Иран и неговите сојузници Хамас и Хезболах да му се одмаздат на Израел, кој го обвинуваат за нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ