Сабрина Кели, волонтер што работи на проектот, изјави дека тој има за цел „да раскаже приказна и да покаже предмети кои дури и најголемите љубители на Лего не ги виделе досега“, пренесува Би-би-си.
Музејот ќе ја објасни приказната за компанијата која е основана во Данска во 1932 година.
Волонтерот Кели додаде дека музејот, на Секлоу Гејт Вест, не е поврзан со данската компанија и работи на тоа да стане добротворна организација.
Зад ова е стои Џејсон Џоинер, главниот човек на Националниот филмски и научно-фантастичен музеј и Бункерот Пиксел, кои се сместени во иста зграда.
„Тоа е неговата колекција со позајмени предмети“, истакна Сабрина Кели.
Проектот е посветен на сите Лего производи. Ќе ја објасни својата историја, од кога започна со дрвени играчки до прикажување на три главни теми – минато, сегашност и иднина – и ќе покаже предмети кои дури и ентузијастите на Лего можеби не ги виделе досега.
„Ние се обидуваме да добиеме рамнотежа од сите што имаат одлично искуство, покажувајќи што можете да направите со Лего коцки, но и да бидеме инспирација за мали и големи деца“.
Атракцијата ќе има огромни дисплеи, претежно зад стакло, покажувајќи пирати, замоци, вселенски бродови и градови. Ќе бидат изложени некои производи направени исклучиво за азискиот и американскиот пазар и не се видени во Европа.
Лего Груп е приватна компанија основана во 1932 година од Оле Кирк Кристијансен. Сега е во сопственост на Кјелд Кирк Кристијансен, внук на основачот.
Лего е кратенка од данските зборови „leg“ и „godt“, што значи „игра добро“.