сабота, 27 јули 2024

Пет лица ранети во Кина од залутани артилериски гранати од Мјанмар

Пет лица во кинески град во близина на Мјанмар биле ранети вчера од залутани артилериски гранати од другата страна на границата, објави кинеската државна агенција Глобал Тајмс, додека борбите меѓу мјанмарската хунта и бунтовниците продолжуваат и покрај преговорите.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Глобал тајмс сподели видео на социјалните мрежи на кое се гледа како едно лице лежи на тротоарот пред ред улични продавници додека луѓето извикуваат: „Викнете полиција!“.

Во видеото, Глобал тајмс вели дека официјални лица во Женканг, град во провинцијата Јунан, го потврдиле ракетирањето што залутало од Лаукаи, област во регионот Коканг во Мјанмар, погодувајќи го вчера попладне Нансан, град под негова јурисдикција.

Во меѓувреме во болница се префрлени петмина повредени, се наведува.

Со години Коканг во мјанмарската држава Шан е нестабилен и проблематичен регион. Во 2015 година, гранатирање од областа исто така падна преку границата во Јунан, што дојде во време на борби меѓу владините трупи на Мјанмар и бунтовниците, при што беа повредени еден Кинез и четворица државјани на Мјанмар што го разгневи Пекинг.

Некои битки во тоа време се одвиваа на растојание од дури 500 метри од границата на Кина и Мјанмар. Во 2009 година, судирите во истата област принудија десетици илјади луѓе да избегаат преку границата во Кина, според кинеските државни медиуми и групите за човекови права.

Минатата недела кинеската амбасада во Мјанмар ги повика своите државјани да го напуштат Лаукаи што е можно поскоро, наведувајќи ги како причина зголемените безбедносни ризици.

Вооружениот конфликт меѓу армијата на Мјанмар и бунтовничките групи на северот на земјата ескалира од крајот на октомври. Соседна Кина постојано повикува на преговори за прекин на огнот, па дури и го олеснува дијалогот меѓу двете страни.

Според Обединетите нации во средината на декември, повеќе од 660.000 лица во Мјанмар се раселени од 27 октомври, со што вкупното тековно раселување низ целата земја достигна рекордни 2,6 милиони лица.

Кинеските власти ѝм порачаа на кинеските граѓани да избегнуваат да патуваат во северниот дел на Мјанмар, оние кои веќе се во областа да се преселат на безбедно или да се вратат во Кина. Кина ги повика завојуваните страни да покажат „максимална воздржаност“ во ситуацијата во северниот дел на Мјанмар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ