сабота, 27 јули 2024
Тод Боли ја менува методологијата за избор на нов тренер по неуспехот со Потер

Пет кандидати за нов тренер на Челси

Објавено на

часот

Сподели

Иако медиумите од Германија и од Англија побрзаа да соопштат дека доскорешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман е најголем фаворит за позицијата, сепак, кругот бил поширок.

„Телеграф“ ексклузивно соопштува дека во планот на газдите на Челси, Тед Боли и Бехдад Егбали бил потемелен процес на селекција, во кој ќе биле вклучени пет кандидати. За разлика од експресното назначување на Греем Потер во септември, кога интервјуран беше само уште Маурисио Покетино и тоа лично од сопственикот Боли, сега ќе бидат поставени двајца со исклучива задача да ги проценат кандидатите и да го одредат најсоодветниот.

Меѓу имињата се спомнуваат Луис Енрике, кој до декемви беше селектор на Шпанија и повторно Маурисио Покетино, кој уште нема ангажман, откако се раздели со ПСЖ. Тие двајца се без работа во моментов, за разлика од Лучано Спалети, тренерот на Наполи, како и Оливер Глазнер од Ајнтрахт Франкфурт. 

Петто име не се спомнува, но многу е веројатно тоа да биде самиот Нагелсман, кој беше веднаш прогласен за фаворит број еден, откако ја загуби работата во Баерн Минхен и беше заменет со Томас Тухел. Сепак, од Челси велат дека е чиста случајност фактот што отпуштањето на Потер соодвествува со ослободувањето на Нагелсман и дека нема да брзаат во процесот, дури и по цена да играат без менаџер на едно или на двете четвртфинални соочувања со Реал Мадрид во ЛШ.

Нагелсман, од друга страна, немал против да седне на клупата на Челси, но преферирал налето, а не сега среде сезона. За него е заинтересиран и Тотнем, кој исто така е во потрага по менаџер, откако се раздели со Антонио Конте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ