недела, 20 октомври 2024

Пет членки на ЕУ бараат царини за украинските житарки

Пет држави членки на Европската Унија – Бугарија, Полска, Унгарија, Романија и Словачка – бараат воведување царини на украинските житарки.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овие земји испратиле заедничко писмо до Европската комисија во кое бараат воведување царини на украинските житарки поради нелојалната конкуренција, објави денес министерството за земјоделство на Унгарија.

Земјоделците во овие пет земји „претрпеле значителна штета“ откако Европската Унија ги суспендираше увозните квоти и царини на житото од Украина, се наведува во писмото, пренесува Ројтерс.

„Извозот на житарки од Украина ги потиснува земјоделците од земјите на ЕУ од нивните традиционални извозни пазари“, истакнуваат министрите во писмото упатено до комесарот на ЕУ за трговија Валдис Домбровскис и комесарот за фарми Јануш Војчеховски.

Министрите на петте земји истовремено бараат од Европската комисија да преиспита дали украинските производни насоки се во согласност со стандардите на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ