сабота, 27 јули 2024

Пет асистенции и гол на Меси за едно полувреме, хет-трик за Суарез (ВИДЕО)

Интер Мајами со 6-2 го победи Њујорк Ред Булс, неверојатно шоу имаа Лионел Меси и Луис Суарез во второто полувреме кога беа постигнати сите погодоци за домаќините.

Објавено на

часот

Сподели

По првото полувреме водеше Њујорк со 1-0, а во вториот дел се случи нешто досега невидено.

Интер Мајами во вторите 45 минути даде шест гола и на крајот славеше победа од 6-2. Лионел Меси учествуваше во сите шест погодоци, даде еден гол и имаше дури пет асистенции.

Последните три гола беа дело на Луис Суарез кој го постигна првиот негов хет-трик во МЛС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ