четврток, 31 октомври 2024

Пет активни пожари, пожарот кај Македонски Брод се шири кон Јасен

Во текот на денешниот ден на територијата на Македонија регистрирани се 12 пожари, од кои пет се активни, четири се изгаснати, а три се под контрола. И денеска, како и во изминативе дваесетина дена, противпожарните сили се концентрирани на големиот пожар на територијата на општина Македонски Брод кој се шири кон ловиштето Јасен и кон селото Белица кај викенд населбата Козјак.

 

Објавено на

часот

Сподели

Таму делува тимот од Унгарија, 46 лица со специјална опрема, кои утре се враќаат во својата земја. Тука цел ден делуваат и два ер трактори.

Кипарските ер трактори (2) денеска го гаснат пожарот на Галичица кои од врвот на планината се шири кон Стење.

Нов пожар се појави кај селото Орел, каде што претходно веќе беше регистриран голем пожар.

На територија на планината Сува Гора, кај селото Ласкарци исто така е регистриран нов пожар.

Според Центарот за управување со кризи дел од овие нови пожари се детектирани со помош на јавувањата на пилотите на цивилните авиони кои ја прелетуваат Македонија.

Во гаснењето на пожарите, од странската помош, се делува со два ер трактори од Германија и два од Кипар. Денеска треба да пристигне еден хеликоптер од Словенија, кој од утре ќе биде во акција.

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, апелира до граѓаните да не употребуваат пиротехнички средства при нивните прослави кои можат исто така лесно да предизвикаат пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ