Фото: Роберт Атанасовски
„Песталоци“ денес плачеше по Вања
Шок и тага ја обзедоа Македонија по веста дека младата Вања е најдена мртва, дека еден невин детски живот згасна поради алчност, или поради лудило, или од чиста монструозност на нечиј ум и душа. Сите со денови се надевавме дека еве, кај и да е, ќе чуеме убава вест, дека Вања е вратена дома, а вчерашната вест нѐ покоси. Преполн беше денеска дворот на училиштето „Песталоци“, каде што Вања беше упатена, како и секој друг училиштен ден, во понеделникот кога ја грабнаа и убија. Денеска Вања ја немаше во Песталоци, имаше само редици луѓе, на кои тоа што не ја познаваа оваа млада убава девојка не им ја намалуваше болката.
Објавено на
часот