Малото копно среде море има облик на морско коњче, а тука се наоѓа и луксузниот хотел на италијанскиот бренд „Булгари“. На островот има и пристаништа за јахтите на најбогатите. Досегашниот сопственик на продаденото земјиште е британски претприемач. Во 2022 година, неколку парцели беа продадени на луѓе кои сакаат да градат приватни вили на островот.
„Островот Џумеира стана локација број еден на пазарот на недвижности и е достапен само за најбогатите луѓе. На островот и неговите плажи, сопственикот може да го изгради својот дом од соништата“, изјави агентот за недвижности, Андреј Кумингс.
Островот е популарна дестинација во овој дел од светот, каде што цените на недвижностите тројно се зголемија по вредност последниве неколку години.