сабота, 27 јули 2024

Песков: Зеленски е специфичен вид Евреин

На брифинг со новинарите денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, беше запрашан како Украина може да биде вмешана во терористичкиот напад во Крокус сити хол, како што тврди Кремљ, ако се има предвид дека напаѓачите се чини дека биле регрутирани од ИСИС, а украинскиот претседател Володимир Зеленски е Евреин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Песков одговори дека Зеленски е „специфичен вид Евреин“.

„Дали Кремљ сè уште смета дека е веродостојно дека исламистите што го извршија терористичкиот напад можеби некако се поврзани со раководството на Украина, ако се има предвид фактот дека тоа е предводено од Евреин?“, праша новинарот, пренесе Медуза.

„Па таа личност е специфичен вид Евреин“, одговори Песков. „Евреин што, на многу начини, покажува симпатии, кој гравитира, кон националистичкиот дух со кој е проткаен режимот во Киев. Ова е многу јасно врз основа на фактите и на неговите изјави.“

„Што се однесува на прашањето што може да се каже за ситуацијата, сѐ може да се каже. А набљудувачите и аналитичарите веројатно можат да си дозволат да коментираат. Но пак ќе повторам дека сѐ додека истрагата сѐ уште е во тек, ниту една официјална власт не може да си дозволи да даде какви било изјави во врска со тоа. Иако препорачувам многу внимателно да ги препрочитате изјавите што претседателот Путин ги даде во последните два дена. Во овој контекст, тие се многу важни“, рече Песков.

Владимир Путин за прв пат јавно го коментираше терористичкиот напад во Крокус сити хол речиси 20 часа откако тој се случи, вели Медуза. Во телевизиското обраќање тој обвини дека четворица од одговорните за нападот биле уапсени додека биле на пат кон украинската граница, каде што тој тврдеше дека „украинската страна“ подготвила „прозорец“ за нивно преминување.

Путин повторно ѝ се обрати на јавноста на 25 март. Овојпат тој рече дека е од витално значење да се открие „зошто терористите се обидувале да одат конкретно во Украина по нападот“ и „кој ги чекал таму“. Тој додаде дека нападот во петокот го извршиле „радикални исламисти“, но исто така ги обвини САД дека се обидуваат да ги „убедат“ другите земји дека „нема знаци за вмешаност на Киев“.

ИСИС-Х, разгранок на терористичката група Исламска држава, ја презеде одговорноста за нападот во Крокус сити хол, а повеќе американски претставници ја потврдија автентичноста на изјавите на групата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ