петок, 26 јули 2024

Песков: Вечерва средба на Путин во врска со нападот на Кримскиот мост

Објавено на

часот

Сподели

Песков додаде дека рускиот претседател Владимир Путин ги слушнал извештаите на вицепремиерот Марат Хуснулин, шефот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников, министерот за транспорт Виталиј Савељов и шефот на Крим Сергеј Аксјонов за, како што наведе, „последиците од терористичкиот напад на Кримскиот мост“.

„Во моментов, во име на шефот на државата во регионот лета Хуснулин, а откако ќе се запознае со ситуацијата на лице место, претседателот очекува извештај преку видео врска околу 19 часот по московско време, ќе се одржи средба“, додаде Песков, пренесе РИА Новости.

Песков истакна дека Путин дал инструкции да се организира сообраќајот во правец на Крим и да им се пружи помош на луѓето на патот.

Путин нареди и поправка на мостот, а Песков нагласи дека Москва знае кој стои зад нападот и дека „убиството на родителите и ранувањето на нивното дете е дело на Киевскиот режим“.

Рускиот Национален антитерористички комитет претходно објави дека Киев рано утринава извршил терористички напад на Кримскиот мост со два дрона и дека е оштетена патната компонента на мостот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ