вторник, 22 октомври 2024

Песков: Темата за преговори со Украина повеќе не е актуелна

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денес изјави дека темата за преговори со Украина повеќе не е актуелна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Песков истакна дека по медиумите кружат неточни информации за наводни контакти на Русија и Украина и демантираше дека се воделе какви било преговори за прекин на нападите на енергетски објекти меѓу Москва и Киев, непосредно пред влегувањето на украинските сили во Курската област во Русија.

На новинарското прашање за коментар на изјавата на рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов дека претседателот на Русија донел одлука за тоа како ќе одговори на упадот на украинските војници во Курск, Песков кажа: „Тука не станува збор за една одлука. Нормално, таквите непријателски акции не можат да останат без соодветен одговор. Одговор секако ќе следи“.

Портпаролот на Кремљ уште еднаш кажа дека претседателот на Русија е многу добро известен за ситуацијата на фронтот. „Тоа е дел од постојаната работа на претседателот“, кажа Песков, додавајќи дека „од прва рака ги добива информациите за конкретната ситуација за конкретен дел од фронтот“.

„Претседателот најголемо внимание посветува токму на податоците и информациите кои ги одбива директно од оние кои се на теренот и се бават со прашањата за Специјалната воена операција“, кажа Песков.

На прашањето на новинар дали при последната посета на рускиот претседател Путин на Азербејџан се сретнал со основачот на Телеграм Павел Дуров, Песков кратко одговори „Не“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ