петок, 26 јули 2024

Песков: Русија го поздравува интересот на Турција за БРИКС

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија го поздравува интересот на Турција за БРИКС.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Се разбира, го поздравуваме овој зголемен интерес за БРИКС од страна на нашите соседни земји, вклучувајќи ги и нашите важни партнери како Турција. Секако, таа тема ќе биде на дневен ред на самитот на БРИКС“, рече Песков одговарајќи на новинарски прашања, пренесува РИА Новости.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави денеска дека Турција сака да стане членка на БРИКС.

Хакан Фидан додаде дека со нетрпение очекува да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС, што ќе се одржи следната недела во Русија, како дел од подготовките за октомврискиот самит во Казан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ