„Прво мораме да сфатиме колку е за тоа спремна украинската страна и колку таа добила, така да кажам, дозвола од своите спонзори. Бидејќи, за сега, како што гледате, стигнуваат многу различни изјави. И не е сосема јасно“, оцени портпаролот на Кремљ.
Тој повтори дека Володимир Зеленски е уште еден проблем, поради неговиот нелегитимитет, а оцени дека уште еден проблем е тоа што Зеленски претходно потпиша документ со кој правно се забрануваат преговори со Кремљ додека Владимир Путин е претседател на Русија.
На новинарското прашање да прецизира дали тоа значи дека Кремљ сепак би можел да преговара директно со Зеленски, Песков одговори:
„Ова не е лесно прашање. Од правен аспект, ова прашање е на дневниот ред, но од практичен аспект ние сме отворени нашите цели да ги постигнеме преку преговори. Значи, тука постојат две различни опции“.