сабота, 27 јули 2024

Песков: Немаме што да му кажеме на семејството на Навални, сите неовластени демонстранти ќе одговараат

Во разговор со новинарите утрово, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков беше прашан за Алексеј Навални, чиј погреб се одвива во моментов, а кој почина во руски затвор на 16 февруари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кремљ нема што да му каже на семејството на Навални на денот на неговиот погреб“, рече тој.

Тој одби да даде каква било оценка за Навални како политичка фигура.

Песков, исто така, повтори дека со секој неодобрен собир се прекршува законот.

„Според тоа, оние што ќе учествуваат во нив ќе одговараат“, вели тој.

Има силно полициско присуство околу црквата во југоисточниот дел на Москва, каде што се одржува погребот на Алексеј Навални.

Уште повеќе полицајци се редат на патеката до блиските гробишта каде што ќе биде погребан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ