сабота, 27 јули 2024
Портпаролот на Путин

Песков: Нема да толерираме критики за нашата демократија, таа е најдобра (ВИДЕО)

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, одржа прилично необично предавање во градот Сириус во рускиот крај Краснодар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во средата рече дека Русија ја има „најдобрата демократија“ и ги нападна оние што ја критикуваат Москва за нејзиното справување со внатрешните политички работи.

Ова тој го кажа во предавање на темата Сликата на Русија: Реалноста и наметнатите стереотипи, кое го одржа пред младите на Рускиот светски младински фестивал, кој се одржува по налог на рускиот претседател Владимир Путин.

Новинарот на Би-би-си Френсис Скар на социјалната мрежа Икс сподели снимка од предавањето.

„Веќе нема да толерираме критика на нашата демократија. Ни тврдења дека таа не е онаква каква што треба да биде. Нашата демократија е најдобрата. И ние ќе продолжиме да ја градиме“, рече во таа пригода Песков и предизвика аплауз од присутните.

Во истиот говор Песков се осврна и на загриженоста од избивањето нуклеарна војна меѓу Русија и Западот, велејќи дека „нуклеарната војна е последното средство“.

Но, додаде тој, Русија е спремна да употреби нуклеарно оружје „ако нешто го загрози нејзиното постоење“.

„Сите дискусии за нуклеарна војна, какви што сега ги има многу на Западот, во европските престолнини и во САД, се крајно неодговорни и крајно опасни бидејќи ова прашање се рутинизира“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ