среда, 25 декември 2024

Песков: Не сум запознаен каде се наоѓа Навални, коментарите на САД се неприфатливи

Коментарите на Соединетите Американски Држави во кои се изразува загриженост поради состојбата на Алексеј Навални се неприфатливо мешање во внатрешните работи на Русија, соопшти Кремљ.

Објавено на

часот

Сподели

Соработниците на затворениот руски опозиционер соопштија дека ни тие ни неговите адвокати веќе неколку дена немаат вести за Навални.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека не е запознаен каде се наоѓа Навални кој е преместен од својата казнена колонија на непозната локација.

Портпаролот на Националниот совет за безбедност на Белата куќа Џон Кирби претходно повика на моментално ослободување на Навални, порачувајќи дека „тој никогаш не ни требало да биде затворен“.

Навални би требало да биде префрлен во казнена колонија со посебно обезбедување, установа со највисок степен на безбедност во рускиот затворски систем.

Руските затворски трансфери се познати по тоа што траат долго, понекогаш со недели, за време на кои нема пристап до затворениците, а информациите за нив се ограничени или целосно недостапни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ