сабота, 27 јули 2024

Песков: Не ни е јасно што сака украинската страна

Објавено на

часот

Сподели

„Украинските лидери постојано даваат контрадикторни изјави. Поради тоа не можеме целосно да разбереме што сака украинската страна“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на прес-конференција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави претходно денес дека повеќе пати се обидел да организира средба со рускиот претседател Владимир Путин за да прекине војната, но дека изгледа дека Русија сè уште не е спремна за сериозни мировни преговори.

„Постојат нешта за кои треба да се разговара со рускиот лидер. Не велам дека нашите луѓе сакаат да разговарам со него, но мораме да се соочиме со реалноста на она што го преживуваме“, кажа Зеленски.

Последните мировни преговори, колку што е познато, беа одржани на 29 март. Контактите некое време продолжија онлајн, но двете страни потврдуваат дека преговори повеќе не се водат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ